Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Судир меѓу мигрантите и полицијата во Велика Кладуша

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
migranti-sudir

Најмалку 20 лица се уапсени, а неколку од нив се повредени денеска во судирите што избувнаа во прифатилиштето за мигранти во Велика Кладуша.

— реклама —

Како што пренесуваат локалните медиуми, во прифатниот центар дошло до тепачка во која учествувале најмалку стотина мигранти. Обезбедувањето задолжено за заштита на тој објект не можело да ги совлада насилниците и повикале полиција, која исто така била нападната со камења, шишиња и метални шипки.

Во прифатниот центар „Мирал“ минатиот викенд избувна пожар во кој изгоре еден од сместувачките објекти, а инвентарот беше целосно уништен.

— реклама —

— реклама —

На подрачјето на Велика Кладуша и Бихаќ престојуваат најголем број од мигрантите кои пристигнуваат во БиХ.

Според безбедносните агенции, во земјата од почетокот на годината влегле повеќе од 7.000 мигранти.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања