Промени тема
Контакт

Судир меѓу Општина Аеродром и „Комунална хигиена“ – казна од 88.000 евра и обвинувања за неспособност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
1000038347

Општина Аеродром изрече казна од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, поради, како што наведуваат, континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на територијата на општината.

„Ова не е политичка одлука, туку институционална санкција заснована на реални пропусти“, изјави в.д. градоначалникот Дејан Митески, потенцирајќи дека граѓаните постојано се жалат на преполни контејнери и нечистотија, иако редовно плаќаат за услугата.

— реклама —

Тој порача дека Аеродром нема да биде заложник на туѓа неспособност и најави засилен надзор и нови санкции ако не се подобри состојбата.

Од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ реагираа остро, нарекувајќи ја казната „евтин политички театар“ и градоначалникот Митески – „полу градоначалник без легитимитет“.

— реклама —

Тие појаснуваат дека работат според оперативен план усвоен од Советот на Град Скопје, кој е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН.

— реклама —

Во реакцијата, претпријатието наведува дека за кабастиот отпад од типот „гарнитури и мебел“, одговорноста е на локалните служби на општината и обвинуваат дека Митески сака да ја префрли вината за сопствената неажурност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања