Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Судир на четири возила кај Прилеп: Шестмина со тешки, двајца со полесни повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0
Фото: Илустрација

На патот Прилеп–Битола вчераутро се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила, а осум лица се повредени, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Несреќата била пријавена на 5 август во 08:57 часот во СВР Битола. Во судирот учествувале патничко возило „цитроен“ со српски национални ознаки, управувано од 35-годишен државјанин на Србија, патничко возило „сеат“ со пробиштипски регистарски ознаки, товарно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки.

— реклама —

Според МВР, со тешки телесни повреди се здобиле возачите на „цитроенот“ и „сеатот“, како и четворица сопатници во српското возило. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Битола.

— реклама —

Со телесни повреди се здобиле и возачот на скопскиот „фиат“, како и сопатник во возилото „сеат“, кои исто така биле прегледани во Клиничката болница во Битола.

— реклама —

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 5 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 6 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања