„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Судот ги спои постапките за пожарот и за агенцијата „Рубикон“ што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
Aleksandar-Nacev-GLAVNA-SLIKA-PRESS-18JAN2018

Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на агенцијата „Рубикон“, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“.

— реклама —

Судот во октомври го одобри дополнителниот обвинителен акт поврзан со пожарот против Александар Нацев – реален сопственик и одговорно лице на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“ ДООЕЛ Скопје.

Според обвинението тој се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот.

— реклама —

Според обвинението тој има значаен придонес да дојде до оваа трагедија, бидејќи заедно со други обвинети но и непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за заштита, со што предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и за имотот од големи размери.

На трагичниот 16 март, тројца лиценцирани и еден нелиценциран вработен биле задолжени за обезбедување на објектот, без претходна безбедносна проценка на состобата и настанот, без проверка на сигурносните услови, излези и можности за евакуација. Објектот бил преполн, а не бил изготвен ниту доставен План за обезбедување за настан со поголем број посетители.

Насев се товари дека агенцијата не извршила проверка на идентитетот и возраста на посетителите со што слободно влегле и малолетни лица по полноќ, спротивно на законот.

Агенцијата не спречила ниту внес на пиротехнички средства, што всушност е директна причина за пожарот.

По трагедијата во март, Нацев основал нова агенција за обезбедување во Струмица. Ова за обвинителството е обид да ја продолжи дејноста, формално затскривајќи се зад друго одговорно лице.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Aleksandar-Nacev-GLAVNA-SLIKA-PRESS-18JAN2018

Обвинение против Александар Нацев, реалниот сопственик на обезбедувањето во „Пулс“: Познато за што се гони

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања