„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Судот го одби барањето на Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од судењето за „Меѓународен сојуз“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од судењето за невладината организација Меѓународен сојуз. Според судот, барањето е неосновано, објави Макфакс. 

— реклама —

Бојан Јовановски и на денешното рочиште побара изземање на претседателот на судијката, но овој пат и на целиот судечки совет.

„Поради основано сомневање дека судијката е политички иструирана и поврзана со претседателот на овој суд за кој знам како е избран, што ми дава право за сомневање за систем на сврзни садови, имам сомневање дека овој судечки совет е контролиран од премиерот Зоран Заев и други политички субјекти. Новата околност укажува дека на минатото рочиште судијата, без никаква моја навреда кон судот или личноста на судијата, во записникот нотира дека јас сум ја навредил и сум го навредил овој суд. Сомнежот за непристрасно судење е дека јасно може да се види односнот кон едната страна во оваа постапка, односно Обвинителството и обвинетите што седат на оваа клупа ни криви ни должни“, рече Јовановски.

— реклама —

Текстот во целост на: Макфакс. 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања