„Судот ќе ги одбие доказите, за ‘ТНТ’ да заврши до крај на 2021, нудеше и условна казна за невин клиент“, адвокат со допис до судот по средба со Рустеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rustemi-merdzan

Допис со обвинувања дека постои договор меѓу обвинителот Бурим Рустеми и Кривичниот суд, пресуди за предметите кој тој ги застапува да има до средината на декември е доставен до претседателот Иван Џолев, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска, републичкиот обвинител Љубомир Јовески и странски амбасади.

— реклама —

„На ден 18.10.2021 година се одржа рочиште по предметот КОК 53/17 на кое судечкиот судија го задолжи јавниот обвинител Бурим Рустеми да се произјасни во врска со доказите на одбраната. Со цел економичност на постапката и можноста да се усогласам со јавниот обвинител побарав да остварам средба со јавниот обвинител Бурим Рустеми при што истата се оствари на ден 21.10.2021 година во просториите на Вишото Јавно обвинителство. Во оваа прилика сакам да Ве информирам за дискусијата со јавниот обвинител Бурим Рустеми и да повикам надлежните институции да превземат соодветни чекори со цел почитување на законите во Република Северна Македонија“, вели во првиот дел од дописот, адвокатот Меџан Даути кој ја застапува Елисалвета Најдовска во „ТНТ“.

— реклама —

„Имено во текот на состанокот од страна на јавниот обвинител ми беше понудена условна казна за мојот клиент на што јас одговорив дека мојот клиент не е виновен за ништо. На тоа јавниот обвинтел истакна дека поради тоа што истата не е крива нуди условна казна. На мое прашање како може да гарантира условна казна кога согласно позитивните законски прописи судот а не обвинителството носат одлуки по прифатен обвинителен акт обвинителот ми кажа дека тоа тој ќе си среди со судот. Понатаму а во врска со разговорот околу доказите по кои треба да се изјасни обвинителот ме информираше дека тој ќе даде предлог сите докази на одбраната да бидат одбиени бидејќи неможел да дозволи постапката сеуште да трае и морало да заврши до крајот на 2021 година и дека предлог на обвинителството во целост ќе биде прифатен од судот. Се поставува прашањето каде е тука еднаквоста на оружјата кога претходно обвинителството и судот договараат што треба да се случи на наредната главна расправа закажана на 28.10.2021 година. Јавниот обвинител ме информираше дека предметот ТНТ како и другите предмети кои ги застапува пред Основниот кривичен суд имал договор со судот да завршат до крајот на година т.е најкасно до 15.12.2021 година. На крајот на разговорот бев буквално избркан од неговата канцеларија бидејќи бил лут дека одбраната доставувал многу преставки во врска со неговото работење“, додава тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања