Промени тема
Контакт

„Судот по нарачка, срамот по заслуга“ – реакција на Синдикатот на културата за зголемените плати на судиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryqpif6ucpngrcbXu6zW9
Илустрација / Скопје1

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) преку објава на социјалните мрежи упати остри критики до Уставниот суд, откако судиите донесоа одлука со која од октомври повторно ќе им се зголемат платите.

Од Синдикатот оценуваат дека е спорно тоа што уставните судии самите одлучувале за прашање кое директно влијае врз нивните лични примања, при што посочуваат дека платите на судиите ќе се пресметуваат врз основа на просечната бруто плата и повисоките коефициенти.

„Очигледно само за некои платата е привилегија, а за избраните е право кое самите си го носат“, наведуваат од СКРМ.

— реклама —

Во реакцијата се посочува и дека истите судии донеле решение за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура во целост, документ со кој, како што наведуваат, се регулираат не само платите, туку и останатите работнички права на околу 2.400 вработени во културата.

Од Синдикатот сметаат дека ваквата состојба отвора дилема дали во државата постојат различни критериуми за вреднување на трудот.

— реклама —

„Оваа спротивност отвора суштинско прашање – дали постојат две мерила за вреднување на трудот: едно за оние кои создаваат културни вредности и со години се борат за основни права и друго за оние кои самите одлучуваат за сопственото материјално подобрување“, се наведува во реакцијата на Синдикатот на културата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryt7bspk0k56ep8C1htVT

„Од институции направи бојно поле, а од вработените статистика“: Синдикатот со остри критики за Љутков

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydpgm1l948e9ccRhCP24

СКРМ: По две години игнорантски однос и синдикална борба, конечно отворен дијалог за Колективниот договор за култура и Законот за култура

Македонија | пред 1 седмица

media-library46n78dcmmu623BMT0V5

Синдикатот на културата го испрати Љутков со порака: „Ви благодариме, но за вашата изведба нема аплауз“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl0ipp35hhbg7ccf7YVw

„Колективниот договор не се чепка“ – најавен протест на културните работници на 16 април

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања