Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Судот во Скопје му одреди 30 дена притвор на поранешниот член на УЧК, се чека екстрадиција во Србија!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

morina

Кривичниот суд во Скопје му одреди 30 дена притвор на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово (УЧК), Томор Морина, кој беше уапсен на граничниот премин Блаце врз основа на потерница од српскиот суд, пишува Лајм.

Ова го потврдува и неговиот адвокат, Насер Рауфи, за весникот Лајм.

— реклама —

– Судот ги игнорираше нашите аргументи и му одреди 30 дена затвор за екстрадиција. Томор сега веќе е испратен во затвор Шутка. Во рок од 24 часа ќе се жалиме на одлуката на судот, бидејќи тоа е неправедно, изјави Рауфи за Лајм.

— реклама —

Тој ги повикува одлучувачките фактори да не дозволат екстрадиција на Томор во Србија, бидејќи таквата одлука би била неправедна.

— реклама —

Морина беше уапсена во средата (вчера), а денес беше изваден пред суд. Конечната одлука за екстрадиција или не екстрадиција ја носи Министерството за правда. Портпаролот на ова министерство, Владимир Делов, за весникот Лајм изјави дека случајот кај нив ќе започне да се обработува откако ќе биде донесена официјалната судска одлука.

Во меѓувреме, од косовската амбасада во Скопје велат дека го следат случајот и се надеваат дека Томор Морина ќе биде ослободен, слично како што порано се ослободувани поранешни припадници на УЧК уапсени во Македонија врз основа на српските потерници за апсење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања