„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Судот во Стразбур пресуди во корист на тужители Роми и ѝ наложи на Македонија да им исплати надомест поради малтретирање од полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
evropski-sud

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди во корист на двајца тужители, Роми, застапувани од страна на Европскиот центар за права на Ромите (ЕЦПР), кои биле малтретирани додека биле малолетни, од страна на полицијата во Скопје, во 2014 година.

— реклама —

„Судот ѝ наложи на Владата на Северна Македонија да им исплати на Ромите, кои се сега на возраст од дваесет и три години и деветнаесет години, износ од 7.500 евра, поединечно“, се наведува во соопштението на ЕЦПР, објави Макфакс.

Предметот се однесува на инцидент од 19 мај 2014 година. Тужителите тогаш биле на возраст од 16 и 13 години.

— реклама —

Полициските службеници, припадници на „Алфите“, барале двајца силеџии, кои биле пријавени дека нападнале и ограбиле дваесетгодишна жена и кои биле опишани како мажи со темен тен, на возраст помеѓу 16 и 18 години. Подоцна, полициска патрола ги пронашла двајцата малолетници, веднаш напаѓајќи ги на улицата, пред да го однесат шестнаесетгодишниот во полициски притвор во полициската станица Центар. Во полициската станица, шеснаесетгодишното момче било наводно дополнително тепано неколку часови од страна на службениците, до кога неговиот татко бил повикан во станицата и на момчето му било кажано „најди ја чантата или ќе те убијам пред татко ти.“ Под закана, тој потпишал признание дека тој украл рачна чанта од дваесетгодишна жена, претходно истата вечер. Тринаесетгодишното момче исто така изјавило дека полициските службеници го шамарале по лицето и на улицата му извикувале „вие Цигани, вие лажете и крадете!“.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања