„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Судската администрација излезе на протест - им се приклучи и претседателот на Кривичниот суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sud-protest-1

Судските административци утринава излегоа на протест. Тие ги напуштија работните места и се собраа пред судовите каде што работат за да го изразат незадоволството од додатоците на плата за што го обвинуваат судскиот буџетски совет.

— реклама —

— реклама —

Тие побараа од Судскиот буџетски совет да прекине со праксата на, како што истакнаа „дискриминирачки, егоистичен и игноратски однос“ кон судската служба, со забелешка дека средства за судиите секогаш се обезбедуваат, додека за службата нема.

„Ги поддржувам затоа што сметам дека залужуваат повисоки примања. Тие, заедно со здравствените работници и просветните работници се највредните служебници во државата. Сметам дека и судските службеници треба по разни основи да имаат поголеми примања, бидејќи многу работат и имаат стресна работа. Во минатото во неколку наврати се зголемени платите на судските службеници, што е за поздрав и верувам во иднина ќе има таква тенденција“, истакна Претседателот на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев  кој се приклучи на протестот.

Вработените во судската администрација бараат од Министерството за правда под итно да пристапи кон измени на законите, со утврдување поинаква позиција на Судската служба, во смисла на нејзина независност од Судскиот буџетски совет, формирање тело одговорно за вработените во судската служба.

фото: Канал5

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања