„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Судската администрација ќе добие повисока плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Денеска во собраниска процедура влезе Законот за судска служба, со кој се регулира правото на судските службеници да добиваат додатоци на плата.

— реклама —

Ова е практично исходот од овонеделната средба на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, претставниците на Здружението на судски службеници, претставниците на УПОЗ, министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска и министерот за финансии Драган Тевдовски.

По завршувањето на собраниската процедура, судските службеници ќе добијат рамноправен статус и третман во однос на додатоците на плата, со што ќе се стави крај на повеќегодишната дискриминација врз судските службеници.

— реклама —

Законот за судска служба, покажа недостатоци во делот на системот на плати, додатоци и надоместоци на плати на судските службеници.

Констатираните недостатоци во утврдувањето на правата на вработените во судската администрација во Законот за судска служба, во делот за плати, додатоци и надоместоци на плати на судските службеници, особено се однесуваат на делот на правото на додатоци на плата, кои се одразија на целосната примена на Законот.

Имено, постои невоедначеност во утврдените додатоци на плата на вработените во судската служба, со останатите вработени во правосудниот систем.

На овој начин вработените во судската администрација за извршување на исти задачи со други вработени во правосудни органи не можат да остварат исти права во делот на додатоците на плата.

Во Законот, како додатоци на плата, воопшто не се предвидени додаток на плата за посебни услови за работа, додаток на плата за постоење на висок ризик и додаток на плата за доверливост. Исто така се утврдува и постапка за заштита од арбитрерност на претседателите на судовите при одредување на додатоците на судските службеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања