Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Судски пресврт по 4,5 години судење: Судот констатира судир на интереси кај вештакот во случајот на загинатиот Алек

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
alek-radulovic

Мирјана Радуловиќ, мајка на трагично загинатиот 17-годишен Алек Радуловиќ, за „Скопје1“ сведочи за долгата и болна судска одисеја што трае веќе четири и пол години, а сè уште нема првостепена пресуда. Нејзиниот син загина кога возач на автомобил му го пресекол патот, по што тој со мопедот починал на самото место.

Според неа, најтешкиот дел од процесот бил моментот кога Судот во декември 2024 година решил предметот да го испрати на супервештачење. Тогаш, Радуловиќ добила сознанија кои, вели, предизвикале сериозни сомнежи за неговата веродостојност.

Обвинувања за незаконски контакти меѓу одбраната и вештаците

Радуловиќ објаснува дека постоело основано сомнение оти адвокатот на одбраната имал недозволени контакти со супервештаците што го работеле вештачењето.

„Како родител кој бара правда за своето дете, јавно укажав дека постои сомнеж во стручноста и независноста на супервештачењето. Кратко по мојата реакција, носителот на вештачењето, Јане Илијоски од Секторот за сообраќај во Град Скопје, доби дисциплинска постапка и беше суспендиран“, изјави Радуловиќ.

Вештакот на суд молчел за суспензијата

На рочиштето од 29 септември, Илијоски тврдеше дека Алек се движел со 70,2 km/h, но, како што вели мајката, се повикувал на низа претпоставки. Кога судот ѝ дозволил да поставува прашања, таа го запрашала и за неговата суспензија.

„Прво избегнуваше да одговори, но по инсистирање призна дека е суспендиран поради медиумската изложеност. Судот го укори затоа што не го пријавил овој клучен податок“, вели Радуловиќ.

— реклама —

Две недели подоцна таа добила тужба од Илијоски за наводна навреда по гостувањето во „Претрес со Ландов“.

Гостувањето изгледајте го тука:

— реклама —

Официјалните документи: вештакот навистина бил суспендиран

На последното рочиште, според неа, Обвинителството доставило официјални документи од Град Скопје и Агенцијата за администрација, со кои се потврдува суспензијата на вештакот. Одбраната на обвинетиот побарала одложување, тврдејќи дека доказите биле прибавени „нелегално“, но судот го одбил барањето.

Напротив, според Радуловиќ, судот констатирал дека:

  • вештакот е суспендиран,

  • пред судот прикрил важни информации,

  • против мајката води граѓанска постапка,

  • што го прави необјективен и во судир на интереси.

Поради тоа, судот реши да го отфрли супервештачењето на Илијоски, Леонардо Славески и Орце Доневски.

— реклама —

„Не барам ништо повеќе од правда за Алек“

„Како мајка која го изгуби своето дете, давам збор дека нема да застанам додека не се утврди објективната вистина. Овој процес трае предолго — 4,5 години. Секој што работи на случајот има должност да постапува чесно, транспарентно и професионално“, изјави Радуловиќ.

Таа апелира и до Техничкиот факултет во Битола, кој ќе го изработи новото супервештачење:

„Очекувам да постапат независно, стручнo и без никакви влијанија. Од нивната професионалност зависи дали конечно ќе се доближиме до вистината и правдата која ја чекаме предолго.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf79mdfus0jmveTo4XMp

(Видео) Возач излета од автопатот Тетово-Скопје, автомобилот превртен: камион и автомобили запреа по несреќата

Македонија | пред 6 дена

media-librarysla8s8llhhe2bKfDvyB

(Фото) Трагедија во Црна Гора: Комбе излетало од патот кај Липци, има загинат и 17 повредени

Свет | пред 1 седмица

IMG_6897

Двајца тешко повредени во сообраќајни несреќи во Скопје и Битола

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygsdq0l75gj1b0UOokAK

(Фото) Сообраќајка на булевар „Србија“: Се судрија мотор и товарно возило кај „Џевахир“

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања