Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Сугарески се сретна со лицата на кои им е престанат работниот однос во Еурокомпозит – велат се сеуште се бара решение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
eurokompozit

Министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, како претставник на Владата на Република Северна Македонија, денеска оствари средба со претставници на синдикатот на индустрија, енергетика и рударство и претставници на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата „Еурокомпозит 11 Октомври“ од Прилеп и притоа ги ислуша нивните барања.

— реклама —
— реклама —

Претседателот на Владата Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, во моментот се на службено патување во Брисел, каде присуствуваат на форум во организација на ЕБОР и поради тоа не беа во можност да се сретнат со нив.

— реклама —
— реклама —

На оваа средба е предложено во понеделник, 10-ти јуни, да се одржи состанок во поширок состав, на којшто освен претставници на Владата, ќе присуствуваат и директорот и останатите раководни органи во „Еурокомпозит 11 Октомври“, претставници на здружението на лицата на коишто им престанал работниот однос во фабриката, претставници на синдикатот на вработените во компанијата, како и претставници од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на кој би се разгледале сите барања од сите засегнати страни, ќе се утврдат приоритети и ќе се пристапи на креирање на динамички план за реструктуирање на оваа компанија во државна сопственост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања