Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сугарески: Социјалните станови во Гостивар ќе се делат според нови критериуми, нови категории граѓани ќе можат да аплицираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sugareski

Седумдесет станови за социјално ранливи категории на граѓани во Гостивар, чекаат на распределување. Зградата покрај Кејот на Вардар, близу големиот мост е целосно готова, а извршен е и технички прием. Но , како ќе се делат истите?

— реклама —
— реклама —

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на Гостивар појасни дека наскоро треба да се утврдат критериумите, кои треба да се во склад со новата методологија.

— реклама —
— реклама —

– Зградата веќе го помина техничкиот прием и таа е вселива. Треба да се распише оглас согласно новата методологија за рангирање која е предвидена со новиот закон за социјална заштита. Во него се утврдени нови критериуми, односно нови категории граѓани ќе можат да аплицираат за социјален стан. Очекувам во најкус рок да биде и формирана комисијата која ќе работи на оценување на апликациите, рече министерот Сугарески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања