Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Сугарески: ВМРО ДПМНЕ свесно го кочи Законот за легализација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
20112019_VRSM_Sugareski_pres2

Опозицијата поднесе над 1000 амандмани за Законот за легализација на дивоградби.  Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески овој потег го оцени како неконструктивен.

— реклама —

– Пред донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, популарно Закон за легализација, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу 1000 амандмани со што свесно го закочија законот, со мала веројатност тој да се изгласа пред распуштање на Парламентот. Со тоа оставија преку стотина илјадѐ граѓани во неможност да си ги легализираат нелегално изградените објекти, нагласи Сугарески на денешната прес-конференција.

— реклама —

Сугарески ги повика пратениците од опозицијата да покажат конструктивност и да се изгласа предложеното законско решение.

Предлог-законот не ги опфаќа сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во списокот на Конвенцијата на УНЕСКО, во границите утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион како и станбените згради и нивните доградби и надградби.

извор: MИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања