Министерот за транспорт на „Телевизија 24“ Горан Сугарески дебатираше со Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ на тема изградба на автопатите во земјава. Затуроска го потсети министерот за ветувањата на СДСМ за 600 километри автопат. На тоа Сугарески одговори дека ветиле автопатишта и експресни патишта, но не и шестотии километри.Тој дури ја праша како да направат 600 километри автопатишта кога во зела земја нема толку патишта.
Затуроска го потсети министерот за ветувањата на СДСМ за 600 километри автопат. На тоа Сугарески одговори дека ветиле автопатишта и експресни патишта но не и шестотии километри.Тој дури ја праша како да направат 600 километри автопатишта кога во зела земја нема толку патишта.
Дали има разлика помеѓу километри патишта изградени и километри патишта реконтруирани? го праша Затуровска министерот на што тој одговори потврдно.
Инаку Сугаревски кажа дека е задоволен од досегашната реализација на инвестициите во Министерството за транспорт и врски. Како што посочи 68 отсто имало реализација на капиталните инвестиции до ноември.
До нова година ќе биде уште подобра. Во овој ресор нема ниту еден проект кој не е продуктивен, еден од тие е проектот за гасификација како и оној за водоводни мрежи, изјави минстерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Сугаревски додаде дека под надзор од Светска банка треба да бидат одобрени 70 милиони евра за локални патишта чија изградба ќе се одвива истовремено во секоја општина во Македонија.
- Под строга контрола на Светска банка ќе се трошат овие пари. Секоја општина ќе добие по најмалку 500.000 евра од овие пари за изградба на овие локални патишта. Ова е добар проект за кој верувам дека ќе биде поддржан и од опозицијата, рече Сугаревски.