Шукова: Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
8901d99c-8d55-47b6-aaac-e64453b35a21

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го обвини Орце Георѓиевски дека манипулира со граѓаните или целосно не ја познава состојбата, ветувајќи парк во Вардариште. Таа предупреди дека локацијата е еколошки и правно проблематична, со над 2 милиони кубни метри отпад, и дека единствен стручeн план е изградба на современа претоварна станица за отпад.

— реклама —

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Георѓиевски, ветува „парк“ на локацијата Вардариште – најзагадената и технички најкомплицирана точка во главниот град. Со ова ветување Георѓиевски само потврдува дека или свесно манипулира или воопшто не знае што зборува, што го прави целосно неспособен и некомпетентен за функцијата што ја бара од скопјани.

„Во Вардариште има над 2 милиони кубни метри отпад, одлаган без никаква подлога. Тоа е локација со висок ризик по здравјето и животната средина“, изјави кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.

— реклама —

„Само процесот на санација и деконтаминација на тоа земјиште би траел со години, пред воопшто да може да се зборува за било каква употреба, а најмалку за парк“, посочи Шукова.

Покрај еколошката загрозеност, постојат и правни и технички пречки за било каква интервенција на теренот.

„Во моментов тече арбитражна постапка во Париз поврзана со проектот ‘Скопски колектор’, кој поминува токму низ Вардариште. До завршување на таа постапка, ниту смее ниту може да се менува намената на тој простор“, предупреди Шукова.

„Уште во 2017 година, со поддршка од ЕУ, е изработена детална техничка документација со која јасно се предвидува: Вардариште треба да биде локација за современа претоварна станица за отпад. Тоа е единствениот стручен и легитимен план. И јас стојам зад тој план“, изјави Шукова.

Во моментов е во тек и јавна набавка за поддршка на целиот регионален систем за управување со отпад во Скопскиот регион. „Секој обид за политичка интервенција на Вардариште пред завршување на оваа постапка е опасен, штетен и спротивен на сите законски и еколошки норми“, додаде Шукова.

СДСМ остро реагира на ваквите лажни ветувања и го повикува Орце Георѓиевски да престане со ширење неосновани фантазии и да одговори за четиригодишната неспособност на неговата партија додека беа на власт во Градот Скопје.

„Георѓиевски не нуди решение. Тој нуди изборна измама. Вардариште, што ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го оставија да гори и да труе, сега се користи за предизборен маркетинг. Но скопјани веќе еднаш беа излажани со 150 автобуси, мега паркови и слични бајки. Време е за сериозен, стручен и државнички пристап“, заклучи Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања