„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шукова: Го повикувам Ѓоргиевски на дуел, Вардариште е резултат на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
vardariste-OJO

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со години ја игнорирале својата надлежност и обврска за решавање на проблемот со Вардариште, нарекувајќи го случајот „екоцид“.

— реклама —

„Доста беше бегање од одговорност. Законот е јасен – отпадот е локална надлежност. ВМРО-ДПМНЕ четири години ја игнорираа својата обврска да го решат овој проблем,“ изјави Шукова.

Таа посочи дека градоначалниците се директно одговорни за управување со отпадот, јавната чистота, селекција и транспорт на отпадот, како и реализација на проекти и задолжителна соработка со други општини и Градот Скопје.

— реклама —

„Орце Ѓоргиевски и ВМРО-ДПМНЕ или го немаат прочитано законот за управување со отпад, или свесно го игнорираат за да ја префрлат вината кога јас бев министер за животна средина. Тоа само зборува колку Ѓоргиевски е неук, а сака да раководи со Скопје,“ рече Шукова.

Таа додаде дека Вардариште денес изгледа како „црна еколошка дупка“ поради неработењето на градската администрација и, како што рече, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска.

„Јас и СДСМ знаеме како да го решиме Вардариште – со итно оградување, 24-часовен надзор, расчистување и забрана за пристап, а потоа изградба на затворена, еколошка претоварна станица со систем за селекција, контрола и транспарентност,“ истакна таа.

Шукова го повика својот противкандидат, Орце Ѓоргиевски, на јавен дуел за Вардариште. „Нека ги донесе сите негови ‘аргументи’ дека од Вардариште ќе направи парк. Јас ќе ги донесам фактите, законите и резултатите. Граѓаните ќе судат кој има решение, а кој има само празни ветувања и пропаганда,“ порача кандидатката на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања