Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Шукова: Министерството меѓу првите во регионот го вклучи родовиот аспект за климатските промени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова вчера, на панел дискусијата посветена на улогата на жените во енергетската транзиција потенцираше дека потребно е жените да се вклучат во процесите на одлучување во локалните средини и мора да се овозможат механизми за праведна, инклузивна и енергетска транзиција со учество на жените, преку заедничкото вклучување на владите, индустриските чинители, граѓанското општество и заедниците.

— реклама —

„За спроведување на инклузивна и праведна енергетска транзиција, исклучително е важно вклучувањето на родовиот аспект и како Министерство, согласно нашите ингеренции, го третираме овој аспект при креирање политики“, изјави министерката Шукова.

— реклама —

На овој панел, покрај Шукова дискутираа и Моника Гриефан, поранешна министерка за животна средина во една од германските покраини и еминентна политичарка, како и Нита Старова, проектна координаторка во Фондација Фридрих Еберт.

— реклама —

На третиот Социо-еколошки форум што викендов се одржа во Скопје, беше нагласено дека брзиот технолошки развој и продор на иновативните и новите поеколошки технологии во енергетскиот сектор, мора да ги пратат и стратешките политики и правната регулатива во државата, што ќе овозможи еднакви можности и пристап за сите земајќи ги предвид и ранливите категории. Министерство за животна средина и просторно планирање меѓу првите во регионот го вклучи родовиот аспект во стратешките документи што се однесуваат на климатските промени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања