Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шукова: Секој граѓанин ќе плаќа според тоа колку отпад создава, а не според квадратурата на домот во кој живее

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryi4iiv2gpe0ncdxcF4sI

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави дека ќе воведе нов, фер модел за пресметка на комуналниот надоместок. Станува збор за наплата по создаден отпад, наместо по квадратен метар станбен простор.

— реклама —

„Со години граѓаните плаќаат за отпад според квадратурата на станот, без разлика дали живеат сами или во петчлено семејство. Тоа е неправеден модел кој не го стимулира селектирањето. Законската можност постои, но никој досега не ја применил. Ние ќе го направиме тоа, ќе воведеме наплата по создаден отпад, не по квадратен метар. Тоа е праведно, логично и мотивира за селекција“, изјави Шукова.

— реклама —

Таа потсети дека ваквиот принцип е веќе предвиден со Законот за управување со отпад, но досега ниту една општина не се осмелила да го примени поради недостаток на функционален систем.

„За да воведете ваков модел, мора прво да обезбедите систем што функционира, опрема за селекција, камиони за различни видови отпад и центри за рециклажа. Кога граѓанинот ќе види дека институциите навистина ја завршуваат својата работа, тогаш е фер да плаќа колку што создава“, додаде таа.

— реклама —

Шукова најави дека новиот систем ќе се воведува постепено, со пилот-зони во Аеродром, Карпош и Центар, каде ќе се тестираат специјализирани камиони со мерење на количината отпад и дигитален систем за следење на собирањето.

— реклама —

„Ова не е казнен систем, туку систем што мотивира и создава ред. Сакаме граѓаните да видат дека селектираниот отпад навистина оди на рециклажа, дека количината се намалува и дека сите плаќаме по фер основ. Тоа е европски и чесен пристап“, порача Шукова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 10 часа

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања