Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шукова: Власта ги лажеше граѓаните на Скопје и ги остави да дишат отрови, одговорност мора да има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2025-09-17-at-14.07.59

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, остро реагира на односот на власта по пожарот во Трубарево. Таа посочи дека граѓаните на Скопје со денови биле изложени на високи концентрации на тешки метали – олово, арсен и кадмиум, додека власта молчела и ги уверувала дека опасност нема.

— реклама —

„Наместо навреме да алармираат и да преземат мерки, ВМРО-ДПМНЕ свесно ги оставија граѓаните да се трујат. Дури по шест дена беа објавени резултатите од мерењата, кои покажаа дека концентрацијата на кадмиум во воздухот била речиси 12 пати над дозволената граница, а и арсенот и оловото биле над максимално дозволените вредности,“ напиша Шукова на социјалните медиуми.

— реклама —
— реклама —

Таа додаде дека ова не е само негрижа, туку свесно загрозување на здравјето на луѓето: „Ова е лицето на власта што не знае за превенција, што не знае за заштита, што бега од одговорност и зад лаги ја крие сопствената неспособност.“

— реклама —

Шукова потенцира дека животот и здравјето на граѓаните не смеат да бидат жртва на лаги и политички калкулации и порача дека мора да има одговорност за ваквото однесување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 10 часа

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања