Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Шукова: Време е јавните претпријатија да им служат на граѓаните, а не на партиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-librarya1597esfg3chaoKDn5h

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска од седиштето на СДСМ изјави дека реформата на јавните претпријатија ќе биде нејзин врвен приоритет, затоа што токму тие се основата за функционален, уреден и хуман град. Таа оцени дека Скопје денес изгледа запуштено, нечисто и хаотично затоа што јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, долгови и неспособно раководство. „Граѓаните плаќаат за услуги, а добиваат несобран смет, нефункционален јавен превоз и хаотична инфраструктура“, истакна Шукова.

— реклама —

Таа најави дека во администрацијата на Град Скопје ќе спроведе вистинска реформа, со цел јавните претпријатија конечно да им служат на луѓето, а не на партиите. Според неа, ЈСП ќе се модернизира со нови еколошки автобуси, електронски систем за наплата и воспоставување на брз автобуски транзит, со што ќе се врати довербата во јавниот превоз. Комунална хигиена, рече таа, ќе се ревитализира со современ центар за селекција и рециклажа, редовно собирање отпад и конечно решавање на Вардариште.

— реклама —
— реклама —

„Во Паркови и зеленило ќе започне нова ера – ќе засадиме 10.000 дрвја и ќе изградиме 15 нови паркови во 15 месеци, со редовно одржување и враќање на зеленилото во маалата. Водоводот ќе го насочиме кон стабилно снабдување, модерна опрема и намалени загуби на вода, а ЈП Лајка ќе го развиеме во вистински хуман систем за згрижување и грижа за уличните животни“, додаде Шукова.

Таа порача дека Скопје мора повторно да стане град што работи и се грижи за своите жители. „Време е институциите да му служат на граѓанинот, а не на партијата,“ нагласи Шукова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

До црногорското приморје со авион од Скопје: од мај 2027 година почнуваат директните летови до Тиват

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 1 седмица

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 2 седмици

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања