Промени тема
Контакт

Шукова: Загадувањето од греењето мора да се намали имам план за почист воздух во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
Screenshot-2025-09-17-at-14.07.59

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, говореше за еден од најгорливите проблеми на главниот град загадувањето на воздухот во сезона на греење.

„Убаво е на Видиковец, одовде се гледа цело Скопје. Но, во есен и зима, градот го нема. Се губи под густа магла и сив смог. Тоа не е природна појава, туку слика на едно запуштено, загадено и загушено Скопје. Дали дишеме воздух или отров?“ рече Шукова.

Таа потсети дека Скопје е еден од најзагадените градови во светот, а тоа, како што нагласи, не е само статистика, туку сурова реалност што граѓаните ја чувствуваат секој ден во зимските месеци.

„Маглата не е само временска појава, туку симбол на четиригодишен институционален неуспех и негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи општините имаат клучна улога во справувањето со загадувањето,“ истакна таа.

— реклама —

Шукова нагласи дека најголемиот дел од загадувањето доаѓа од греењето во домаќинствата со влажни дрва, јаглен и отпадни материјали, додека индустријата веќе започнала со инвестиции во технологии за намалување на емисиите, но потребни се дополнителни вложувања и сериозен мониторинг.

„Промена не може да се случи преку ноќ, но не треба граѓаните да се гушат уште 10 години за да ги видат првите резултати. Јас не можам да ви ветам чудо, туку конкретни решенија. Стојам овде пред вас и велам дека имам план,“ додаде Шукова.

— реклама —

Во својот план таа најави конкретни мерки:

Во првата година забрана за користење на нееколошки горива во подрачја со достапно парно греење, задолжително поврзување на новоизградени станбени згради на системот за централно греење, субвенции за замена на старите системи со еколошки, јавни објекти со еколошки системи за затоплување, засилени инспекции и чистење на градот од отпад. Во првите три години елиминирање на главните извори на загадување, субвенции за енергетска ефикасност за најранливите категории граѓани, модернизација на јавниот превоз и подобрување на велосипедската и пешачката инфраструктура.

— реклама —

На долг рок целосна транзиција кон одржлив начин на затоплување во јавните објекти, градска топлинска мрежа со гас и обновливи извори на енергија, зелени коридори за почист воздух и имплементација на BRT-системот.

,,Скопје мора да биде град со чист воздух. Ова не е само еколошко прашање овде се работи за здравје и квалитет на живот,“ истакна кандидатката за градоначалник на СДСМ, Каја Шукова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

lukarevska-1

Лукаревска: Западнонилската треска и труењето во Гостивар се доказ за неспособноста на власта да менаџира со криза

Македонија | пред 7 часа

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Апасиев: Филипче не знае каде тера, нека се соочи со својата политичка компромитираност

Македонија | пред 8 часа

media-librarylk6kmpj780a7741ItyH

„Дизелот надмина 100 денари – граѓаните скапо ги чинат промашувањата на Мицкоски“, вели СДСМ

Македонија | пред 13 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

Мицкоски бара алиби за избори, ќе му го дадат руската и српската служба, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања