Сулфатарата „Дувало“ туристички се валоризира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Sequence-01.Still012

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Скопје 1 објавува краток разговор со Тања Ѓеорѓиева , координатор на проектот "Дувало: од предизвик до решение - Промоција и заштита за одржлива заедница" имплементиран од страна на Здружението за одржлив развој Синиот Проект од Охрид, како дел од Програмата за подобрување со управување на заштитените подрачја финансирана од Европска Унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединтите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Ск1: Зошто се одлучивте да спроведете проект поврзан со локалитетот Дувало или како што е наречен кај граѓаните од Охрид и околината „Вулкан во Косел“?

“Дувало” претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5м и длабочина од 30см. „Дувало“претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност во регионот. Сулфатарата „Дувало“ во Косел претставува потствулканска појава, една од ретките од ваков вид во овој дел на Европа. Со самиот ваков карактер сулфатарата преставува природен феномен, поради што во 70-тите години од страна на Собранието на Општина Охрид се стекнува со статус на природна реткост.

Проектот, кој се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој "Синиот Проект", е дел од Програмата за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Уште во фаза на подготовка на проектната апликација, преку анализа на моменталната состојба, дојдовме до заклучок дека главниот проблем произлегува од нивото на информираност за важноста и значењето на оваа поствулканска појава, и во најголема мера за потенцијалот кој Дувало го има и може да придонесе за севкупниот развој на регионот пред се преку воспоставување на систем на менаџирање и континуирано унапредување на истиот.

Сметаме дека иако овој специфичен споменик на природата е уникатен феномен, сепак самиот локалитет е недоволно обележан со информативни табли и патни знаци, истиот не е доволно заштитен и промовиран, нема видливо истакнати информации , нема инфраструктура за посетители (опрема за седење, контејнери за отпадоци итн.). Уште повеќе сите достапни информации покажуваат дека многу често се користи како дива депонија, што секако не е во согласност со вредностите на природата, значењето на локацијата и нејзината заштита. Нашата идеја е преку имплементација на проектните активности, да придонесеме кон подигнување на јавната свест за важноста на овој природен феномен и вредноста што ја нуди, да се подобри неговата заштита, а со тоа да допринесеме и за одржливост на регионот во целина.

Искуствата од други земји на чија територија има ретки природни феномени од овој вид покажуваат дека преку нивната заштита и промоција истите станале атрактивни туристички и научни дестинации. Заклучокот е дека Дувало мора да стане повеќесезонска туристичка дестинација интересна за патници кои сакаат да го посетат регионот, па дури и атракција за образовните институции и истражувачи од целиот свет. Покажувајќи колку природата е моќна, „Дувало“ може да стане отворена училница по геологија која во иднина ќе биде посетувана од страна на бројни ентузијасти од областа на геологијата и заштита на природата.

Ск1: Кои се целите на овој проект?

Основни цели кои се очекува да се остварат преку имплементација на проектот се:

- да се направи детална оценка (Инвентар) на елементите на геолошка разновидност и геолошко наследство на „Дувало“ преку спроведување на детално научно истражување. Основната цел на ова истражување е да се дојде до целосни и јасни сознанија за локалитетот од една страна, и врз основа на идентификуваните карактеристики и вредности да се заштити и соодветно да се користи за посредни и непосредни економски ефекти од друга страна;

- да се подобри инфраструктурата и да се обележи областа со цел да се поттикне и поддржи одржливиот развој на заштитеното подрачје;

- да се изградат капацитети на локалните чинители со цел да се поттикнат одржливи туристички активности, дизајнирање и воведување на локални автентични производи како занаетчиски производи, традиционална храна, сувенири и сл., и

- да се подигне јавната свест за вредностите на Дувало и неговото значење, како и да се промовираат вредности на Дувало со цел привлекување на посетители од целиот свет.

Ск1: Какви конкретни активности имате предвидено со проектот?

Горенаведените цели се очекува да се исполнат преку имплементација на бројни проектни активности, како изработка на научно истражување за геодиверзитетот и геолошките вредности на „Дувало“, изработка на мапа на засегнати чинители преку комуникација и анкетирање на истите, формирање на работна група, реализација на бројни обуки, како и воспоставување на неопходна инфраструктура, обележување со патни знаци, информативни табли и бројни промотивни активности. Преку реализација на планираните активности, се очекува имплементацијата на овој проектот да поттикне континуирани промени во процесот на промоција и управување со „Дувало“.

Ск1: Каков е интересот кај локалната заедница за заштита и промоција како и валоризација на вредностите на Дувало?

Имајќи во предвид дека во минатото не се преземени значајни активности за заштита и унапредување на Дувало, како и активности за воспоставување на управување со ова заштитено подрачје, се очекува имплементацијата на овој проект да допринесе за подобрување на сегашната состојба во голема мера. За разлика од повеќето области каде имплементацијата на проекти влијае на ограничен број засегнати страни, заштитата на природата и управувањето со заштитените подрачја влијае на широк спектар на засегнати страни и крајните корисници кои мора да бидат вклучени во сите фази. Овој проект вклучува граѓански организации, локални власти, бизнис претставници, и секако во најголема мера локално население кое ќе биде вклучено во активности поврзани со заштитата на природата, промоцијата и одржливо управување на Дувало.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања