Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Сум пријавувал насилство и малтретирање на жени, ми одговарале дека превентивно не дејствуваат, сведочи пасторот Галевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
policija-2457

По бруталното убиство на 31-годишната Росица и нејзиниот татко во Велес, теологот Никола Галевски упати остри критики кон институциите, обвинувајќи ги за неефикасност и отсуство на превентивен систем кој би можел да спречи вакви трагедии.

— реклама —

„Росица била психички и физички сотрена, малтретирана долго време, на крајот убиена заедно со нејзиниот татко. Мојот револт е кон полицијата, кон отсуство на систем на државна заштита и превентива кое ова ќе го спречеше“, напиша Галевски, додавајќи дека како татко на ќерка уште повеќе го чувствува гневот од трагедијата.

— реклама —

Тој посочува дека повеќе пати пријавувал случаи на насилство врз жени, но од полицијата добивал одговор дека „превентивно не дејствуваат“ и дека можат да реагираат само кога ќе се случи кривично дело. „Да резимирам: жените се незаштитени, оставени да трпат спектар на малтретирање, убивани се сѐ повеќе и повеќе, а полицијата и државата имаат улога на бирократски архивисти – да констатираат насилство и смрт,“ порача тој.

Галевски изрази безрезервна поддршка на сите граѓански организации што се борат за правата и заштитата на жените, без разлика на нивната идеолошка или религиска определба. „Жената во Македонија е во подредена, дискриминирана положба по многу прашања. Трпи насилство и ја убиваат. Доста е. Мора да биде заштитена на секој начин, сега и веднаш,“ нагласи пасторот, додавајќи дека ако тоа значи да биде наречен „феминист“, со гордост ќе ја носи таа етикета.

— реклама —

Во објавата најави и конкретен чекор – отворање засолниште за жени жртви на насилници од страна на неговата црква. „Не станува збор за жртви на ‘насилство’ како природна непогода, туку за жени кои се под закана од конкретен насилник или убиец. Со Божја помош, ќе се спасат барем неколку животи пред да биде предоцна,“ порача Галевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryotoc10vha0nq2wuXNtC

Четири малолетници меѓу пријавените жртви на насилство – осум случаи во полицискиот билтен

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
semejno-nasilstvo

Сопруг ја претепал сопругата, таа претходно нападнала вработена во Охрид

Македонија | пред 2 месеци

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели Јаневска

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Родител влегол во училишен двор и нападнал дете по расправија меѓу ученици: го удирал со шлаканици и тупаници

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања