Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шумски полицаец затекнал крадци на огревно дрва -му се заканувале и го удриле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

На 11.05.2019 година во 22,00 часот во Полициската станица Крушево, Б.Ј. (47) од Крушево  шумски полицаец во ШПС-Крушево, пријавил кривично дело - “загрозување на сигурноста“.

— реклама —

Според пријавата, истиот ден околу 17,50 часот пријавителот бил излезен на терен во атар на с.Локвени, каде се случувала кражба на огревни дрва. Откако со службеното возило се упатил кон манастирот „Св.Атанасие“, забележал трактор кој бил во движење, а на тракторот биле две лица,

Исто така движејќи се по патот, наишол на патничко возило “Застава 101“ без регистарски таблички, до кое имало околу половина кубик нежигосани дабови огревни дрва. Во истиот момент позади него пристигнал тракторот со двете лица, кои почнале да му упатуваат закани и навреди, по што се симнале од тракторот, земале по едно од исечените дрва кои биле покрај возилото и почнале да му се закануваат дека ќе го нападнат.

— реклама —

Притоа едно од лицата го удrило со дрво по градите. Пријавителот бил принуден да се повлече по што заминал кон с.Локвени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања