Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Шумски пожар изби на планината Китка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-02-16-at-19.14.20

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека на крајот од денот, конкретно во 16:15 часот преку Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи112 на крајот од денот, а пред почетокот на ноќта е добиена пријава за шумски пожар во близина на место викано „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“, над селото Палиград, а под месноста „Карпата“ на планината Китка.

„За ова веднаш се известени ЈП „Национални Шуми“- подружница „Караџица“, од каде што информираа дека реонскиот чувар ќе оди на лице место за проверка на истиот пожар, дали пожарот има големи размери или не. Инаку, се очекува ноќва ниските температури да го намалат пожарот или да се самоизгасне.

— реклама —

Инаку, околу 18.30 часот неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на планината Китка го пријавија истиот пожар при што дадоа и подетални информации и фотографија, а и за неговата поконкретна локација што придонесува за поголема информативна помош на подружницата „Караџица“ на ЈП „Национални шуми“. Според тие информации на локација на пожарот имало нискостеблеста сува вегетација.

— реклама —

ЦУК ја следи ситуацијата преку дежурните во Секторот Е 112 и во Секторот за операции и координација. Во утринската информација ќе има известувања со повеќе детали.

— реклама —

Планината Китка се наоѓа југоисточно од градот Скопје. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка. На запад се поврзува со планината Караџица, а на југ со Голешница“, вели ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања