Пожар избувнал во село Визбегово, скопско, при што огнот од запалената сува трева се проширил и зафатил два објекти во изградба.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 23 септември околу 11:30 часот. На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, чија екипа го изгаснала пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.