„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Сузана Димитрова: Со издржани проекти во земјоделието, ќе ја вратиме довербата на народот кон државата и ќе ги подобриме состојбите во оваа клучна економска категорија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Интервју со Сузана Димитрова – Македонски Концепт – Кандидат за избор на пратеници за ИЕ 2 од „Македонски концепт“

— реклама —

Сузана Димитрова од Скопје, дипломиран земјоделски инженер на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје , со повеќе годишно работно искуство во областа на земјоделието. Еден период ангажирана во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, каде подоцна е вработена во Државниот инспекторат за земјоделство и до ден денес ги извршува нејзините работни обврски во инспекторатот. Поседува повеќе домашни и меѓународни сертификати за областа во земјоделието.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

— реклама —

Сузана Димитрова: Во изминатиот период сведоци сме на целосна поделеност кај македонскиот народ, каде владее нулта толеранција кон различното мислење, став и припадност; поделба на ‘’патриоти’’ и предавници. Едните си прават што си сакаат, другите глумат лажни патриоти кога треба да се реагира за нешто битно истите премолчуваат или реагираат откако сѐ ќе помине. Во таква состојба недостасува понуда конкретни предлози за решавање на проблемите, која е заменета со фрустрација и опортунизам, борба за политички поени, превласт и освета кон неистомислениците. Македонскиот концепт е поинаква платформа и се разликува од останатите политички партии кои досега можевме да ги видиме на македонската политичка сцена. Во него препознавам шанса со која можеме конечно да изградиме една нормална и модерна држава, втемелена на реалност и историска вистина, каде секој еден поединец без разлика на политичката определба, може да се вклучи и даде свој придонес за подобра и просперитетна Македонија.

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Сузана Димитрова: Не, јас сум долгогодишен и пасивен член во ВМРО ДПМНЕ.

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Сузана Димитрова: За подобра иднина неопходни ни се реформи во сите области на општествено социјалниот живот. Најпрво, независно и департизирано судство, борба и систем за спречување на криминалот и корупцијата, враќање на младите во државата, реформи во образованието, ефективно здравство, економски развој, финансиска стабилност, со еден збор, потребна нѝ е силна држава.

ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Сузана Димитрова: Во Македонија во последните 30-тина години сведоци сме за појава на високи форми криминал, корумпирана власт, партизирано и политизирано судство кое вроди со голема недоверба кај граѓаните како и нивно масовно иселување од државата, бидејќи во изминатиот период граѓаните беа, и сѐ уште се изманипулирани од страна на носителите на власта. За да се постигне некаква позитивна промена најпрво треба да се врати довербата на граѓаните и да се спречи нивно масовно иселување особено на младите. Со тоа што ќе се стави крај на криминалот, ќе се изгради силна и правна држава во која ќе владее правото, а не селективната правда како до сега.

ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Сузана Димитрова: Македонскиот концепт нуди повеќе работи кои во моментов и недостасуваат на политичката сцена во Македонија. Нуди пред сѐ професионалност во различни области преточено во конкретни предлози и одржливи решенија, нуди политика која е заснована врз јазикот на толерантноста, нуди различност во кој нема едноумие како кај останатите политички партии, и платформа каде секој граѓанин има право да си го каже своето мислење и став и истиот да не биде погрешно разбран и за тоа санкциониран.

ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Сузана Димитрова: Мојата област и професионална експертиза е во земјоделието, кое е една од најважните стопански гранки со значајна улога во економијата во Македонија. Во изминатите години имаше повеќе обиди да се подобри животот и олесни работата на земјоделецот, но сепак тој сѐ уште се соочува со многубројни проблеми. Македонскиот концепт има повеќе проекти кои ги вклучуваат земјоделците како најранлива економска категорија. Целта на Македонски концепт е преку тие проекти да им се помогне на земјоделците, и пред сѐ, да се избегне манипулацијата, да се олесни животот на земјоделецот и да се воспостави одржлив систем кој реално ќе го  вреднува нивниот труд.

ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Сузана Димитрова: Ќе дадам сѐ од себе за да ја вратам довербата на народот во политиката, со тоа што ќе се залагам за она што во моментов најмногу нѝ недостасува на сите нас,  а тоа е фер и демократско општество, чесно и транспарентно  работење, општество за сите граѓани, враќање на младите и подобра иднина во државата.

ПОЛИТИКА: Зошто проекти?

Сузана Димитрова: Затоа што под самиот збор ,,Проект’’ се подразбира временски дефиниран ангажман, чија цел е создавање на уникатен  производ  или  услуга, со почеток, крај и мерливи резултати. Тоа значи дека проектот завршува на одреден датум а не ,,некогаш’’ како веќе понудените програми и лажни ветувања од некои други политички партии. Токму тоа е предноста која Македонски концепт ја има во својата програма, а која се состои од повеќе ефикасни проекти кои ќе го подобрат животот на сите граѓани во Македонија.

ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

Сузана Димитрова: Македонија во моментов е држава која е украдена од народот. За 5 години од сега ја гледам како стабилна Држава, правна држава во кое владее правото, Држава со повеќе можности за остварување на своите цели, и како Држава која е повторно вратена на народот.

фото: Македонски концепт

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања