Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сузбиена организирана криминална група во Скопје, лишени од слобода осум лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB
Скопје1.мк

Министерството за внатрешни работи информира дека во ноќта меѓу 11 и 12 декември 2025 била спроведена голема полициска акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СКК и ОСПО/ЕБР, под раководство на Обвинителството за ГОКК.

— реклама —

Акцијата била насочена кон сузбивање организирана криминална група инволвирана во кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, како и „приредување игри на среќа без лиценца“.

— реклама —

Од МВР соопштуваат дека, по претходно обезбедени судски наредби, биле извршени претреси на 11 локации на подрачјето на Скопје. Притоа биле лишени од слобода осум лица од главниот град.

— реклама —

При претресите биле пронајдени и одземени околу 34.510 евра, 431.000 денари, 400 долари, повеќе мобилни телефони, три патнички возила, компјутери и лаптопи, како и големо количество опрема за нелегално приредување покер – маси, чипови, карти и друга придружна опрема. Запленета е и растителна и прашкаста материја, како и различна документација поврзана со криминалната активност.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 1 час

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања