Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Свечен концерт во чест на празникот Свети Климент Охридски -летен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
ohrid6

Прекрасно музичко уживање приреди оперската пејачка Илина Митревска, која во придружба на проф. Андреј Наунов вчеравачер одржа свечен концерт во чест на празникот Свети Климент Охридски -летен.

Пред писутните гости, во катедралната црква „Света Софија“ свое обраќање имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

— реклама —

Доделена ни е честа и привилегијата, во оваа прекрасна августовска вечер, во прегратките на древниот Охрид, овде, во уникатниот амбиент на еден од најубавите црковни храмови, да ја почуствуваме уметноста и преку музика да го прославиме летниот празник, посветен на нашиот светител, нашиот заштитник Свети Климент Охридски.

Искрено се радувам што Општина Охрид воведува една убава традиција на креирање на културни настани, преку кои го чествуваме ликот и делото на големиот просветител и го чуваме богатото културно наследство.

— реклама —

Свети Климент Охридски е столбот на нашата духовност и просвета, најзначајната личност во историскиот развој на македонската писменост и култура. Неговата посветеност на љубовта и духовното издигнување ни служи како патоказ и денес, потсетувајќи нѐ на вистинските вредности кои треба да ги негуваме и почитуваме.

Насловот на овој прекрасен настан „Ако љубов немаш ништо не си“ во целост ни ја доловува смислата светиклиментовото учење и неговите проповеди дека „само љубовта е патот до совршенството и спасението, темелот на секој добродетел и почетокот на секое добро дело“.

Нека овие пораки бидат наши водилки кон подобро утре и вечен потсетник дека љубовта е таа која ни дава сила и не прави вистински среќни.

— реклама —

Ви посакувам пријатна вечер исполнета со убава музика и инспирација, а на ценетите уметници им упатувам искрена благодарност што не удостоија со својот музички талент.

Нека е за многу години празникот, нека е вечно името на Свети Климент Охридски, нека е вечен Охрид, нека е вечна Македонија!, истакна Божиновски во своето обраќање.

— реклама —

Заедно со многубројната публика, концертот го проследи и претседателот на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Свечениот концерт беше во организација на Општина Охрид како дел од овогодинешната културна програма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања