Промени тема
Контакт

Свечен пречек на Христијана Парулеска која освои златен медал на Европското првенство во таеквондо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Taequondo_25042023004

Голем број охриѓани и вљубеници во спортот беа дел од свечениот пречек на младата охриѓанка Христијана Парулеска која како дел од македонската репрезентација во традиционално таеквoндо, освои златен медал на Европското првенство што се одржа во Јесоло, Италија.

— реклама —

Нашата репрезентативка беше прогласена за најдобра кадетка на првенството, а покрај златниот медал во категоријата борба, Парулеска освои и сребрен медал во категоријата борба со замислен противник.

— реклама —
— реклама —

Пехарот и беше вречен на посебна церемонија и е прва ваква награда, што македонски спортист ја освоил во поединечна конкуренција на Европски шампионат. Европската титутла на Парулеска е освоена во силна конкуренција од натпреварувачи од 27 држави.

— реклама —

Градоначалникот Кирил Пецаков упати срдечни честитки за постигнатиот успех и истакна дека е горд што Охрид се радува на ваков врвен спортски успех и злато од Европско првенство. Во изјава за медиумите градоначалникот потенцираше дека Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да ги проддржува спортистите и спортските клубови и да вложува средства за подобрување на спортската инфраструктура во градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања