Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Свечена литија со иконата на пресвета Богородица „Брзопослушничка“ во Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bogorodica_litija_strumica

Во спомен на пристигнувањето на иконата на пресвета Богородица „Брзопослушничка“ и оваа година ќе биде одржана свечена литија во Струмица, информираат од Струмичката епархија на МПЦ-ОА.

— реклама —

Вo сабота во манастирот „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“ ќе биде отслужена воскресна вечерна богослужба, а потоа со свечена литија иконата на Мајката Божја Брзопослушничка ќе биде однесена во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде ќе се отслужи Молебен канон, а иконата ќе биде оставена за поклонение на верниците.

Вo недела, на одбележувањето на двегодишнината од донесувањето на оваа икона во Струмица, во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, ќе започне утринска служба, а по пречекот на архиереите ќе започне Божествената Литургија.

— реклама —

Во 11 часот ќе започне свечената литија со иконата, по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. На плоштадот е предвидено молитвословие (доксологија), проследено со кратки поздравни слова, по што литијата ќе продолжи по старата чаршија до манастирот „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“, каде што ќе биде подготвена трпеза на љубовта за сите присутни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања