Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Свечено одбележан 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
MEGA6503

Пред голем број граѓани, синоќа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, свечено беше одбележан 23 Октомври –Денот на македонската револуционерна борба. Во името на локалната самоуправа пред присутните се обрати заменик градоначалничката Ана Крстеска.

— реклама —

— реклама —

–И денес, после 131 година, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, одѕвонува во колективната меморија на македонскиот народ, како ден темелник за сите идни борби за независна и слободна Македонија. Со младешка жар и одважност, нескриена храброст и визија, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, ги поставија основите на сите слободарски борби на македонскиот народ. Со јасна мисла, без доволно стратегија, но со нескриен жар и огромна верба, се заложиле за слободна Македонија. Овие заложби и идеи преку двата илиндена од 1903 и 1944 и 8 септември 1991 година, конечно ќе се материјализираат во независна Македонска држава.

Со прогласувањето на независноста, не престанаа посегањата на нашите соседи и други моќни актери кон нашата Македонија. Во сите овие 33 години независнот, Македонија и Македонците продолжија да соочуваат со бројни тешкотии во остварувањето на своите национални и човечки идеали. Веруваме дека е дојдено времето Македонецот цврсто, простум да каже одлучно НЕ, на сите атавизми од минатото за да си го сочуваме националното достоинство и да изградиме извесна и просперитетна иднина.

— реклама —

Затоа, денес со посебен пиетет ги спомнуваме нашите херои и основоположниците на Македонската револуционерна борба. Нека им е вечна слава и честит и вековит да ни 23 Октомври и вечна да ни е Македонија – истакна во своето обраќање Крстеска.

— реклама —

Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма, со учество на учениците од гимназијата „Св.Климент Охридски“, ОУ „Григор Прличев“ и музичките уметници Огнен и Олгица Здравковски, Ива Китеска, Ѓоко Чеменкоски, членовите на детското балетско студио “Наталис студио”, градски хор “Vox Lychnidos” и Татјана Стефаноска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања