Промени тема
Контакт

Свечено откриена скулптурата “Раката на поетот”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
IMG-5378fba5d92b915cfe93b6c18bccc964-V

Со пригодна свеченост, денес, во Велестово беше откриена склуптурата “Раката на поетот” од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.

— реклама —

На свеченоста присуствуваше заменик градоначалникот Перчо Божиноски.

— реклама —
— реклама —

– Стремежот за убавина на човекот е изразен преку најразлични форми во уметноста распослани на најубавите места.Во Велестово на десетина квадратни метри имаме бујна културно-историска искра од 15 в. до денес. Па така на препознатливата чешма на црковнословенско писмо е амблемот на Поетската ноќ изработен од Славко Упевче, а мозаикот изработен од Никола Упевче, истото писмо од 15 век го имаме и пред нас во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица”. Бронзен релјеф на најгласниот македонски поет од 19 век, Григор Прличев. Во каменопис запишано е времето кога е изградена чешмата, 1892 г. и на мермерната плоча се младичите кои своите животи ги положиле во текот на НОВ. И сега оваа скулптура од Никола Пијанманов ја врзува нишката со сето ова – ,,Раката на поетот” која ја црпи духовата врска на сите векови. Симболиката на значењето на изразот ,,камено срце” додава емоции на самата скулптура од патинирано железо која ги освојува луѓето. Скулпторот го храни каменот со себе си, а срцето се храни со каменот. Спој на страста и нежноста, сега поетот има своја претстава во ова извонредно дело и заедно со Велестово одат рака под рака под закрила на градот Охрид. Како Општина Охрид сме горди на овој момент затоа што нашите заложби се несебична поддршка за културата, рече Божиноски пред присутните.

— реклама —

Скулптурата е донација од уметникот за манифестацијата “Поетска ноќ во Велестово”, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања