Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
b9834986-resize-820x0x100

Свеченостите по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“ на 11 октомври ќе се одржат во Куманово, Скопје и Прилеп.

Куманово

— реклама —

Свеченоста за одбележување на празникот во Куманово ќе започне во 10:00 часот со положување на свежо цвеќе на Спомен – Костурницата. Потоа ќе следи интонирање на химната на Република Северна Македонија, од страна на воениот оркестар а ќе се обрати и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Ве молиме, поради пристапноста на теренот на Спомен – Костурницата и ограничениот простор за проток на возила, да пристигнете на локација најдоцна до 09:00 часот.

— реклама —

Ве молиме, со себе да ги носите прес картичките од Вашиот медиум, за да имате проток низ сообраќајните правила за тој ден.

Скопје

— реклама —

Празникот  „11 Октомври – Ден на народното востание“ во Скопје ќе се обележи со свечено положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел со почеток во 09:00 часот.

Прилеп

Во Прилеп, свеченостите за одбележување на празникот ќе се одржат пред споменикот на Методија Андонов-Ченто и пред  споменикот на Кузман Јосифоски-Питу со почеток во 08:30 часот. По што ќе следи марш во чест на паднатите борци, кој ќе започне во 08:50 часот од Участакот до Паркот на револуцијата. Во 09:30 часот делегациите ќе положат свежо цвеќе на Могилата на непобедените, по што свое обраќање ќе има министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

— реклама —

Го покануваме Вашиот медиум да ги проследи настаните.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања