Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Сведоци на денешното рочиште за 27 април, го бранеа Спиро Ристовски, велат дента се селел, а требало да посети и болен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
spiro-ristovski

Спиро Ристовски во 2017 година немал никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ, ова го потврдија повеќе сведоци на денешното рочиште за судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.  Сведокот Зоран Коњановски, како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека Спиро Ристовски во 2017 година немал никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што кажа Ристовски имал политичка дамка како поранешен член на ВМРО-НП.

— реклама —

Прашан дали бил член на вибер групи за комуникација меѓу функционери и членови, Коњановски рече дека бил и уште е дел од повеќе вибер групи, за размена на податоци, конкретно за проблеми во секторите во кои има познавање.

На прашање од обвинителката Русковска, дали Ристовски имал политичка дамка кога бил назначен за министер, Коњановски рече дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ имало лица кои биле поранешни членови и на СДСМ.

— реклама —

Сведокот Давор Политов, кој во 2016-17 бил вработен во МОН, додека заменик министер бил Спиро Ристовски, рече дека на 27 април 2017 година требало да имаат заеднички настан со министерот Пиштар Љутфиу – посета на студентскиот дом Пелагонија.

Сведокот Ристов Драган, кој во 2016-17 бил претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчевом, посочи дека немал контакт со Спиро и Миле за организирање на лица за протестите, како и дека на 27 април 2017 година бил во Делчево.

Билјана Трајковска, која во 2017 година работела во МОН, како шеф на кабинет на заменик министерот Спиро Ристовски, рече дека на 27 април 2017 година, само што се вратила од патување во Италија, си пишале со Спиро кога треба да се врати на работа.

– Ми кажа дека дента планира да го посети министерот Абдулаким Адеми, кој бил болен, изјави сведокот.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања