Сведок на судењето за убиството на Пино: Фуркан рече „убивме човек“,а Ангела потврди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pino

Во исказ пред судот за случајот со убиството на Пино Секондо сведокот Анета Георгиева рече дека во декември 2018 година, Фуркан и Ангела дошле кај неа во 6 часот наутро.

— реклама —

По одредено време, Фуркан Али и рекол дека убиле човек, Анета ја погледнала Ангела на што таа само потврдила. Ги прашала дали се сериозни на што одговориле „да“.

— реклама —

-Дојдоа кај мене во 6 часот утрото, Фуркан Али и Ангела а јас се разлутив што ме будат толку рано. По одредено време, Фуркан ми рече: Убивме човек.Ја погледнав Ангела, а таа потврди. Ги прашав дали се озбилни а тие рекоа да и ја сменија темата-раскажал сведокот Анета, посочувајќи дека  Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и дека не делувале воопшто потресени кога биле кај неа.

— реклама —

Пред Георгиева, за случајот со убиството на Пино сведочел Рамиз Али. Тоа што тој го кажал како сведок е дека бил до Синѓелик да го собере Фуркан со девојка и дека под скалите во неговиот дом Фуркан нашол јакна под која било оставено оружје, но не можел да се сети на ликот на девојката која во тој момент била со Фуркан.

Ангела, како сочесничка на Фуркан негира дека е виновна .

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања