„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сведок во „Титаник“: Ме возеа со џип и ми се закануваа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
titanik

Пензионираната началничка Јадранка Гулевска денеска сведочеше на судењето за случајот „Титаник“, при што ја откри незаконската шема на издавање на лични карти во општина Центар на граѓани од Преспа и Гора, наменети за изборите во 2013 година, објави Фокус.мк.

— реклама —

Освен начинот на кој биле изадени од 500 до 600 лични карти, за да се набилда гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, таа посведочи дека и дека била под силен притисок и закани. Гулевска учествувала во незаконската постапка, но бидејќи пред обвинителката Лиле Стефанова од самиот почеток ја кажала вистината, во СЈО било решено да не се гони, туку да стане сведок.

-Во јавноста веќе се дозна дека незаконски се издаваат лични карти, па под тој притисок тогашната министерка Гордана Јанкулоска пушти допис до Внатрешната контрола да направат контола. Во тој момент бев пресреќна, сакав се да се открие и се да заврши, бидејќи притисокот беше преголем, рече сведокот.

— реклама —

Таа појасни дека иако внатрешната контрола на МВР направиле увид и влегле во сите простории, посочија дека не нашле никаква незаконитост. Но, потоа и техничкиот министер Оливер Спасовски почнал да се интересира за случајот.

Текстот во целост на: Фокус.мк 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања