СВЕДОШТВО: Бидејќи се бранел при напад добил шест месеци затвор, а човекот виновен за сообраќајкат кај Млечен доби условна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sudstvo-2

ФБ статус:

— реклама —

Сите се потпираме на праведноста во нашата држава, но знаеме дека не ни остана ниту закон, а камоли правдина. Јас, лице од 24 години, досега никогаш осудуван, ниту пак се води друго досие против мене, осуден сум на 6 месеци затворска казна. Зошто? Како и сите други и јас верував во законот, но судиката Невена Перица докажа дека праведноста во судот одамна не постои со самото тоа што ме осуди поради тоа што се потпрев на праведноста на државата и одбив да дадам голема сума на пари која беше побарана од мене, исто како и на многу други луѓе од Штип, кои страдаат од оваа корумпирана банда на адвокат/ки, обвинителка и судика. Пресудата беше донесена уште пред да започне случајот! Осуден сум поради еден така наречен адвокат Тоше Берков, кој е дел од горенаведената банда. Во 2018 година бев нападнат од страна на 10-15 години постарото лице Тоше Берков под причина дека сум го турнал со рамото во еден штипски кафич. Бидејќи после случката во кафичот повторно се сретнавме, ме нападна поради предходната причина( демек намерно сум го турнал) нормално јас успеав да се одбранам, се здобив со лесни телесни повреди од истото лице, за кои имам лекарски извештај. Но, бидејќи целата ситуација ја виде извежбаниот адвокат, тој покрена постапка во судот и после 10 дена кај него во извештајот од доктор Сашо Ценов изненадно се појавија тешки телесни повреди на напукнатина на долен дел на левото капаче на коленото и повреда на главата на малиот прст на стапалото, кои секако не постојат. Покрај тоа, судењето беше наместено кај судиката Невена Перица со која се уиграни и со која е скоро секој ден. На првото рочиште кога влегов во судницата, првите зборови на судиката Невена Перица беа дали ќе го прифатам делото или таа знаела што ќе ми суди. Истата судика ми го отфрли моето лекарско уверение, кое за неа исто како да не постоеше. Врз основа на неговите лекарски уверенија, истите беа доставени до доктор специјалист за колена од Скопје, кој утврди дека таму нема никаква тешка телесна повреда, но овој наод се разбира беше одбиен од страна на (другарката) Невена Перица на Тоше Берков. И покрај тоа што веќе некои работи беа повеќе од јасни јас побарав од судиката ова да оди на супервештачење со мој надоместок, но и тоа не беше прифатено. За жал, нејзините единствени зборови беа да завршиме побрзо, бидејќи знаела која пресуда ќе ја донесе. Невена Перица ме осуди мене на 6 месеци затворска казна без ниту еден валиден доказ, без ниту еден сведок на местото на настанот. Иако мои три сведоци сведочеа кој ја започнал расправијата, а тој имаше двајца сведоци кои не беа пристутни на настанот и дојдоа со делумно различни изјави, сепак таа ги прифати тие изјави. Ете луѓе, ова се случува во нашата држава, некои луѓе без никаква вина ќе бидат осудувани на затворска казна, а луѓе кои одговараат за човечки живот и живот на неродено бебе ќе бидат ставени на 2 години условна казна. До кога ова корумпирано судство и оваа корумпирана држава ќе си играат со овој народ? Само затоа што е адвокат и судија можат да донесат одлука каква сакаат, бидејќи оштетената страна не е дел од корумпираното друштво? И потоа се чудиме зошто секој млад македонец сака да се исели од оваа држава? Токму ова е една од причините.. Мора да се стави крај на ова!

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10213837446929317&set=pcb.10213837447169323&type=3&theater

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања