„Цела кардиохирургија под стрес од професорот насилник што пред пациенти физички напаѓа колега физотерапевт па по ред сите останати, додека течат тешки операции на отворено срце!“, пишува докторот Ненад Лазаров.
„Па полиции цел ден во клиника што ни е перјаник на здравство заради е ЕДЕН ЧОВЕК. Веднаш да ги заштитите персоналот, тие се национално богатство, човекот очигледно не е при свест, мене искрено ми е неверојатно што слушам и е многу сериозен инцидент“, додава тој.
Хаос на Клиниката за кардиохирургија: вработен го натепал директорот, па навредувал медицинска сестра
Денес околу 10 часот во полицијата добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј. (вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката).Вработениот потоа ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во полицијата.Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.Макфакс
Македонија | пред 2 години