Сведоштво на Македонец во Украина: Ноќеска може да биде поопасно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
ukraina-1-610x400-1

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот започна воена операција во Украина со експлозии кои се слушнаа низ целата земја, а министерот за надворешни работи предупреди дека е во тек „целосна инвазија“.

— реклама —

Во селото Зазимија кое спаѓа во Киевската област, се наоѓа и Игор Ангелов од Македонија кој е оженет за Украинка од 2014 година. Во продолжение го пренесуваме сведоштвото кое тој го даде за портал Струмица Денес:

— реклама —

„Ќе гориме во пеколот. Утрово свиреа сирени. Живееме на 23 км од центарот на Киев и се слушнаа два силни удари. На работа не одиме, леб не успеавме да купиме…купив брашно и квасец и неколку литри млеко. Струја и плин засега имаме, ќе видиме само до кога. Додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар, прозорците се затресоа. По мое ноќеска би можело да биде поопасно.“

— реклама —

Игор Ангелов за Струмица Денес вели дека неговите во Македонија се многу исплашени. Тој изјави дека до аеродромот нема опција како да се стигне, бидејќи е блокиран патот помеѓу Бровари-Киев. Ова се најтемните часови за Европа после Втората светска војна.

— реклама —

Извор: Струмиц Денес

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања