СВЕДОШТВО: „Не ти работам за плата од мизерни 200 евра!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари

Ние Македонците сме генерално самопрокламирани експерти на секое можно поле – од религија и фудбал до политика и астероиди, а очигледно експертизата ја започнуваме од најмали нозе.

— реклама —

Ќерката на мојата пријателка која годинава стана апсолвент, веќе на големо си ја крои иднината, а таа започнува вака: Не ти работам за мизерни 200 евра!

Пријателката само си ги крена рамениците додека лицето ѝ се обои црвено, а јас ја замолив ќерката да ми објасни како без ниту еден ден работно искуство и без некој особено просперитетен факултет (значи не е програмер, впрочем ништо поврзано со IT или маркетинг индустријата), планира да си побара почетна плата која ќе надминува 200 евра.

— реклама —

„Ете така, ќе си побарам! Вие ако не си се цените доволно, јас си се ценам“. И така ноншалантно ни се развика, ја тресна вратата и отиде да пие кафе со другарките со 200 денари што ги измоли претходно од мајка си.

Многу сакам да знам – во кој свет живеете бре деца? Знаете ли во која држава се наоѓаме и каква е ситуацијата кај нас? Сте се запрашале колку плата земаат луѓето кои работат во рудник и се спуштаат во јама црна како ноќ на 250 m длабочина, ризикувајќи си го животот секојдневно во обид да стават парче леб на масата?

Многу сакам да знам – во кој свет живеете бре деца? Знаете ли во која држава се наоѓаме и каква е ситуацијата кај нас? Сте се запрашале колку плата земаат луѓето кои работат во рудник и се спуштаат во јама црна како ноќ на 250 m длабочина, ризикувајќи си го животот секојдневно во обид да стават парче леб на масата?

Знаете колку изнесува просечната плата на една шивачка во текстилната индустрија? На касиерки кои во паузите мора да бидат и чистачки и редачи на роба и да се молат на крајот од денот со пребројувањето да не им фалат 100 денари затоа што ќе мора да си ги платат од џебот?

Или им ја знаете платата само на директорите, на kpaдците и kpиминалцитe? Ним отворено им се воодушевуваме, ама сопствените родители си ги плукаме. Простички се тие, работат таму некаде од утро до мрак за мизерни 200 евра плата. Кои глупаци, просто човек да се засрами од нив!

Заборавивте кој ве создаде, кој ве израни, кој ве прати на училиште да се описмените и кој сè уште на 22 години ви дава 200 денари за кафе, затоа што не можете да го мрднете малку газот и да заработите свои пари.

Затоа што ви е под нивото да работите што било со недовршен факултет, со нула искуство и со никакви посебни вештини и способности. За што очекувате да ве одберат, за убавото лице и долгите нозе? За тоа плата не се дава.

Кога ќе ми текне што сè работев да стигнам онаму каде што сум сега… слушајќи ги овие коментари ми се гади, што од вас, што од родителите кои не ве научиле на работа и да го цените денарот што тешко се заработува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања