Сведоштво за велешанката која го уби сопругот, роднините бараат да ја ослободат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
502E3D46-2A2D-4AF0-8D5F-2CE3ACD81532

Пред неколку дена велешанка беше уапсена под сомнение дека го убила нејзиниот невенчан сопруг. Веднаш по овој немил настан, на веб страницата петицијаонлајн беше објавена петиција со наслов „Слобода за Пале Иловска. 23 годишна девојка од Велес која борејќи се за здив во самоодбрана извршува убиство“.

— реклама —

На веб страницата стои и фотографија од младата девојка, како и текст за нејзиниот живот.

„Млада девојка без грижа од родителите на 16-17 години пронаоѓа утеха во погрешна личност. Родители разведени, мајката болна, брат на мојот татко, нејзин татко сега веќе починат... сестра, со која не живее поради дотичниот, бидејќи после смртта на мојот чичко, сака целата куќа да биде префрлена на неговата девојка. Се влечат по судови, дотичниот ја напаѓа нејзината сестра со закани дека по секоја цена мора да ја препише куќата на сестрата, верувам за после тоа по секоја цена да и ја зема и да ја остави на патот. Поранешните жени имале каде да се вратат кај своите родители, а мојата братучетка останува сама заробена во сопствената куќа. Никогаш до сега се нема пожалено на никој дека е малтретирана, а притоа секогаш беше насмеана. Замислете со што се сама се справувала.. Не го поддржувам тоа што го направи, ама верувам дека секој човек би се борел за сопстевниот живот. Верувајте ми душата ме боли. Еве ви ја вистината и се надевам ќе се најдат добри луѓе кои би и помогнале, би се бореле за неа, до неа, да добие условна казна. Јас сум со неа, господ нека и е напомош, стои во објавата.

— реклама —

Најдолу стои дека оваа петиција е организирана од страна на личност со назив Мими Беба, а според текстот станува збор за братучетка која е блиска до семејството.

/screenshot-2021-10-02-134037" rel="attachment wp-att-141476">

За потсетување, во судското досие на полицаецот кој со години живеел во вонбрачна врска со Пале Иловска нема затворски казни, ниту дела како семејно насилство или насилство. Но велешкиот полицаец може да се најде во судски списи на повеќе предмети. Во два кривични предмети е осуден, во неколку граѓански парници е гонет од осигурителна компанија поради неисплаќање на отштета, а има добиено и две парници против МВР после што наплатил пари од полицијата како бонус плата и за неисплатени прекувремени часови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања