„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шведската полиција предупредува: Нов предизвик на „Тик Ток“, момчиња на 15 ти април да пипкаат девојчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
tik-tok

Шведската полиција објави соопштение со кое предупредува на вознемирувачки предизвик кој се шири на социјалните мрежи, во кој момчиња се повикуваат „да пипкаат девојчиња, чинот да го снимаат, објават ии пратат на некого“.

— реклама —

Како што пренесуваат шведските медиуми, се работи за вознемирувачки предизвик на социјалната мрежа Тик Ток под името „пипкање“. Од учесниците се бара точно на 15 април да го направат предизвикот, да снимаат и објават.

Полицијата ги повикува возрасните да пријават сомнителни дела, а предупредени се училиштата.

— реклама —

-Причината поради која го издадовме предуредувањето е бидејќи сакаме на родителите да им обрнеме внимание на тоа дека однесувањето на детето може да биде криминално, вели Мануел Фирпо в.д. заменик шеф на локалната полиција во област во Стокхолм.

Како што истакнува, предизвикот е закажан за 15 април, поради што полицијата смета дека предупредувањето е неопходно.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања