Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Светска Банка прогнозира најнизок раст на македонската економија во споредба со земјите од Европа, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
banki-2

Македонија забрзано оди кон економски колапс. Светска Банка прогнозира најнизок раст на македонската економија во споредба со земјите од Европа. Единствено полоши прогнози имаат Украина и Русија. Македонската економија е во сериозна опасност да западне во рецесија и со тоа да се загрозат илјадници работни места, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Дополнително граѓаните во Македонија со власта на Ковачевски се соочуваат со највисока стапка на инфлација во споредба со сите земји од регионот. Стапката на инфлација достигна 18,7%, а основните трошоци за живот се поскапени од 50 до 100%. Ваквата стапка е двојно повисока од европскиот просек, што покажува дека инфлацијата не е во целост увезена, туку е предизвикана од неспособноста на оваа власт.

Ако на ова се додаде и галопирачкиот раст на долгот, тогаш тоа значи дека државата оди кон банкрот. За 5 години власт на СДС јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра, што значи во просек секоја година долгот се зголемувал повеќе од растот на БДП.

— реклама —

Реализациата, пак, на капиталните инвестиции на два месеци до крајот на годината едвај има надминато 42%, што покажува дека ништо не се гради, а парите се трошат на непродуктивни трошоци и криминал.

— реклама —

За година и пол затворени се преку 12 илјади компании, а уште илјадници други се пред ставање клуч на врата, бидејќи плаќаат наскапа струја во споредба со регионот, поради што нивната конкурентност е доведена во прашање.

Економските параметри се кои од кои полоши. Власта на Ковачевски за да ја закрпи екомонската катастрофа и да купат некој месец, спремни се да земаат кредити под многу неповолни услови. За еден таков кредит од 100-тина милиони евра превземаат обврски да ги затворат двата клучни капацитеи во енергетиката, РЕК Битола и Осломеј и на тој начин освен што може да останат без работа 4 илијади директно вработени, туку и се загрозува енергетскиот суверенитет на Македонија. Енергетскиот суверенитет на Македонија се загрозува и со намерата ХЕЦ Тиквеш да се даде како мираз за изградбата на Чебрен, односно една веќе изградена и исплатена хидроцентрала која евтино произведува струја за домаќинствата да се подари на друг и тој некој друг потоа преку ХЕЦ Тиквеш да го финансира проектот Чебрен.Ова покажува дека оваа власт е предводена од кусогледи политичари. Впрочем заради нивната кусогледост денес се соочуваме со енергетска криза како ниедна друга земја, без обезбедени енергенси во пресрет на зимата и со половични производствени капацитети.

— реклама —

Оваа нивна неодговорност скапо ги чини граѓаните. Мора да има промени и мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања