Промени тема
Контакт

Светска бронза за Македонија: Марко Топузовски освои медал во кинеско борење во Италија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Спорт
media-libraryoj76ua3an6k09iPecb1

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано, Италија.

— реклама —

Топузовски настапи во сениорска конкуренција, во категоријата до 100 килограми, каде што успеа да се избори за третото место во конкуренција на натпреварувачи од меѓународната сцена.

— реклама —

Бронзениот медал е уште еден значаен резултат во неговата спортска кариера и продолжение на успесите што ги бележи во кинеското борење, познато како шуaи џиао.

— реклама —

Во 2023 година, Топузовски освои златен медал на Европското првенство во кинеско борење за сениори, кое исто така се одржа во Италија.

Со најновиот резултат, македонскиот репрезентативец во својата колекција додава и светска бронза, по претходно освоеното европско злато, продолжувајќи со успешните настапи на меѓународните натпреварувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања