Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Sвездата од „Стрејнџер Тингс“ откри што не и дозволувал познатиот глумец Кавил во текот на снимањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Магазин
media-library1dmkq5t1alqs9M2swyT

Актерката Мили Боби Браун, позната по улогата во серијата „Стрејнџер Тингс“, откри дека актерот Хенри Кавил строго се придржувал до професионални граници за време на снимањето на филмовите „Енола Холмс“ и „Енола Холмс 2“.

— реклама —

Браун, која денес има 22 години, изјавила дека нивниот однос на снимањето бил поинаков од односот што го има со колегите од серијата со кои пораснала.

„Различно е бидејќи пораснав со Ноа Шнап и Чарли Хитон. Ги запознав кога имав десет години, па нашиот однос е како соученици. Со Хенри, пак, беше како вистински однос со возрасна личност – добро и здраво пријателство“, изјавила актерката во интервју за „Дедлајн“.

— реклама —

Таа додала дека Кавил поставил јасни правила во нивната комуникација и не дозволувал разговори за неговиот приватен живот.

„Тој имаше правила. Не ми дозволуваше да прашувам за неговиот приватен живот. Ќе ми речеше: ‘Мили, не. Ќути.’ И јас ќе одговорам: ‘Разбирам’“, раскажала Браун.

Актерката истакна дека работата на филмовите за „Енола Холмс“ претставувала важна пресвртница во нејзината кариера. Таа особено го пофали режисерот Хари Бредбир за неговата посветеност и вниманието кон деталите за време на снимањето.

„Тоа е остварување на сонот. Многу научив, бидејќи сум млада актерка која сè уште се развива. Ова е многу важен момент во мојата кариера и во мојот живот. Тоа е првата улога во која навистина бев главна“, изјави Браун.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања