Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

АКТ објави писмо од свиркач за тендерот од 1,2 милиони евра од Пошта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarysn9sf0eg07e9a9gID1r

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ објави писмо од свиркач, вработен во Пошта АД, со сериозни наводи за испумпување јавни пари, поврзани со тендерот од 1,2 милиони евра во АД Пошта, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.

„Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ“, наведува свиркачот во писмото кое го објави АКТ, рече Димитријевиќ.

— реклама —

Тој појасни дека, според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подружници задолжително треба да има по двајца хигиеничари/ки, а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.

— реклама —

„А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подружници има по 2 и работат само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.“, посочи Димитријевиќ пренесувајќи детали од писмото на свиркачот, вработен во Пошта.

Во писмото е образложена и финансиската пресметка на загубата што, како што рече, произлегува од ваквата состојба.

— реклама —

„И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кои реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигиеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта. Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари. Недостасуваат 14 хигиеничари, значи тоа се над 560.000 денари месечно. Постоечките 25-26 хигиеничари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари. Заедно со другите давачки уште 200.000 денари, доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно. Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата“, посочи Димитријевиќ.

Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас. Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?  Кој ќе одговара?

АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат, рече Димитријевиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, Обвинителството веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 15 часа

media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 23 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања