„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Свлечиште во Карпош откако попуштиле потпорните ѕидови за изградба на зграда, две куќи се оштетени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
3
Фото: Илустрација

На 09.05.2019 година во 20.15 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.“Алжирска“ бр.22, има ископ, предвиден за изградба на станбена зграда и дека попуштиле потпорните ѕидови. Како последица на тоа имало свлекување на земјиште кое предизвикало оштетување на куќите на бр.24 и бр.20, како и дел од коловозот на ул.“Алжирска“.

— реклама —

Утврдено е дека инвеститор на објектот во изградба е градежната фирма “Сити Билд“ ДООЕЛ од Скопје а на местото на настанот дошло и одговорно лице од фирмата Н. И. (37) од Охрид.

Од страна на полицијата доставено е и известување до одговорно лице од Општина Карпош за да го извести градежниот инспекторат од Општина Карпош со цел да се изврши проценка како на оштетувањата на куќите и коловозот, така и дали се превземени сите мерки за обезбедување на ископот.

— реклама —

По првичните проценки на тим од општина Карпош побарано е да се пренасочи сообраќајот по ул.“Алжирска“ на делот каде што е оштетен коловозот со најава дека во текот на утрешниот ден повторно ќе се излезе на местото на настанот за да се извршат дополнителни проценки.

Од страна на СВР Скопје извршено е фотографирање на оштетувањата, а од страна на ОБПС ќе биде поставена патрола за регулирање на сообраќајот на критичното место, се додека не се утврди дека тој дел од улицата е безбеден за сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања